(Фото) Дејли мејл избра дрим-тим на Југославија – во него нема само Македонец!

t

Англискиот весник „Дејли мејл“ направи хипотетички состав на репрезентацијата на некогашна СФР Југославија од фудбалери кои сега се актуелни на терените и праша дали овој тим би имал шанса да се бори дури и за светското злато.

Во него се најдоа фудбалери на Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора и БиХ, а тоа што боде очи е што во најдобрите 11 од овие простори нема само – Македонец. Тоа е само уште еден доказ дека нашиот фудбал веќе долго време е во надолна линија, секако со повремени блесоци, иако името на Елиф Елмас секако би имало место во една ваква конкуренција.

Новинарот Џонатан Роуз во составот вметна четворица Срби и тоа Душан Тадиќ, Душан Влаховиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Никола Миленковиќ, а исто толку има и Хрвати – Лука Модриќ, Јошко Гвардиол, Матео Ковачиќ и Иван Перишиќ. Преостанатите три места се пополнети од Јан Облак (Словенија), Един Џеко (БиХ) и со Црногорецот Стефан Савиќ. Единствено што недостасува, секако освен македонски фудбалер, е да биде одреден селектор, али тоа можеби во некој следен текст на англискиот медиумски гигант.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа

Трагична вест го потресе Тетово. Во раните…

Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката…

Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е…

Експлозија во уште едно складиште за оружје…

Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…

Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…

Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…

Трамп не се противи Кина да произведува…

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека…