(Фото) Една слика 1000 зборови: Во Тетово ученици подготвија приредба на градскиот плоштад во пресрет на 8 Септември
Во организација на одделенски наставнички од основните училишта во Тетово, ученици подготвија приредба на градскиот плоштад во пресрет на 8 Септември – Денот на независност на Македонија. По повод 33 години од самостојноста на државата беа изведени повеќе музички точки. Настанот почна со изведба на химната од страна на детскиот хор Крешендо.
– Ова е прв пат да се организираме, одделенски наставници од тетовските училишта, се договоривме дека на овој значаен празник мора да му дадеме поголем акцент да се развива љубовта кон татковината на дечињата. За време на подгoтовките децата беа многу возбудени. За оваа манифестација изработија знаменца, а подготвуваа музички точки, стихотворби и рецитал. Мотото беше „Децата пеат за Македонија“, информираше Соња Трифуновска, одделенска наставничка.
Со свои изведби се претставија ученици од основните училишта „Лирија“, „Гоце Делчев“, „Братство-Миѓени“, „Андреја Савески Ќиќиш“ и „Кирил и Методиј“ со подрачните одделенија во Сараќино и Фалише. Настапија и најмладите играорци од КУД „Шара
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…
Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…
„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…
Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…
Дизелот во ЕУ достигна нов рекорд: 2,24…
Просечната цена на дизелот на бензинските пумпи…
Ристовски: Ќе продолжиме да ги поддржуваме настаните…
Министерството за спорт и годинава е генерален…
Скопјанец добил казна од полицаец, па решил…
На 30.09.2026 во 15:40 часот во Скопје,…