(Фото) Загина Хрват, повредени се Македонци: Тешка сообраќајна несреќа кај Нови Сад
Според српските медиуми, во тешка сообраќајна несреќа на автопатот во Србија кај Нови Сад загинал хрватскиот државјанин М.А. (56) кој управувал Пежо со македонски регистарски таблички.
Повредените жени и децата се државјани на Македонија.
Сообраќајната несреќа се случила околу 11:50 часот во близина на клучката Ковиљ откако возилото се судрило со друг автомобил.
Пежото е целосно уништено. Автомобилот излетал од автопатот во ливадата, а наоколу останале расфрлани предмети од автомобилот.
Луѓето беа извлечени од автомобилот од страна на пожарникарите.
Од болницата во Нови Сад изјавија дека еден постар маж го загубил животот на лице место, а постарата жена во несвест била пренесена во Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина (КЦВ) во Нови Сад.
„Друга жена, родена 1990 година, во свесна состојба е пренесена во Итната помош на КЦВ, додека женско дете родено 2015 година и момче родено 2012 година, исто така во свесна состојба, се пренесени во Детската болница во Нови Сад. “, велат од болницата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Америка ја продолжи лиценцата за НИС до…
Канцеларијата за контрола на странски средства при…
Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…
Катар продолжува да посредува и да пренесува…
Катар ќе има одделни разговори за прекин…
Се очекува катарските медијатори да одржат одделни…
САД и Кина се договорија да ги…
САД и Кина се договорија да ги…