(Фото) Интересите на “Лидерот” пред скопјани: Советниците на Мицкоски и денеска не гласаа за финансиска помош за ЈСП!

t

Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Градот Скопје денеска не гласаа за доделување на помош за ЈСП, со кои претпријатието треба да обезбеди плати за вработените.

Со 24 гласа ЗА и два гласа ПРОТИВ, Советот на Градот Скопје денеска ја изгласа одлуката за финансиска помош за справување со потешкотиите во работењето на Јавното сообраќајно претпријатие “Скопје” (ЈСП), но остана забележано дека ВМРО-ДПМНЕ и овојпат не ја поддржа одлуката.

Директорот на претпријатието, Крсте Петревски на денешната седница објасни какви расходи има претпријатието и зошто средствата кои денес се изгласаа се потребни за нормално работење на ЈСП.

– На минатата седница ги презентирав поголемиот дел од трошоците кои влијаат на работењето на ЈСП и имам чувство дека не беше доволно добро разбрано, затоа би сакал да повторам еден мал дел, на годишно ниво од трошоците.

Нафтата како основно гориво учествува со 580 милиони денари на годишно ниво, имаме обврска за рата за кредит за МАН-овите, 33 на број кои се набавени во износ од 110 милиони денари, имаме обврска за лондонски и јапонски клуб од 28 милиони и 600.000 денари. За електрична енергија, цената се уште не е нормализирана, околу 20 милиони, за резервни делови 27.665.000 денари, за метан кој е основно гориво за МАН-овите се троши 93 милиони денари, приватните превозници кои работат на годишно ниво нѐ чинат 340 милиони денари. Трошоци за привремени и повремени услуги, ангажирани работници преку агенција за привремени врабтотувања, околу 80 милиони денари, закупнина на опрема милион и 300.000, трошоци за вода 3.200.000, смет и фекалии 3,500.000, трошоци за регионални патишта над 2 милиони, осигурување 7.360.000, бенифициран стаж 10.875.000, судски трошоци 920.000, прекршочни и трошоци за спорови милион и 300.000 ден. Платите со најновото покачување ќе изнесуваат околу 900.000.000 денари, истакна Петревски.

Директорот побара од советниците да ја поддржат предлог-одлуката за гласање на субвенциите за ЈСП со цел да се спречи економски и сообаќаен хаос во Скопје и овозможување на вработените во претпријатието да земат плата за својата работа.

– За делот на субвенции, бидејќи се говори дека овие се рекордни, во 2022 година истиот овој совет одобрил 523 милиони субвенци за ЈСП, плус 100 милиони за бесплатен превоз на возрасни и 60 милиони дополнителна субвенција за функционирање на системот на АВЛ.

Овие пари се потребни за исплаќање на платата на вработените бидејќи ако не се исплати платата ќе се доведе во опасност функционирањето на јавниот превоз во Скопје. ЈСП е стратешко претпријатие, доколку престане да работи сите знаете дека ќе се случи и сообраќаен и економски хаос во Скопје.

Затоа ве повикувам да ги надминеме партиските разлики, ЈСП троши пари само согласно закон и оттука се неосновани тврдењата за нетранспарентно трошење на средства.

Ве повикувам да ја изгласате одлуката не за директорт на ЈСП, туку за вработените во ЈСП и граѓаните на Градот Скопје, истакна в.д директорот на ЈСП, Петревски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Две страшни сообраќајки се случија ноќеска…

Две сообраќајки се случија ноќеска во Скопје,…

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра…

СДСМ утрово соопшти дека го прифаќа исходот…

Битиќи: На 8 мај сите прогресивни сили…

„Сите прогресивни сили ќе гласаат против ксенофобијата…

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

„Нема плата ако не гласаш за ВМРО“:…

Функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица му…