(Фото) Инфомакс ексклузивно дознава: Граѓаните да бидат спокојни – лажна е дојавата за бомба во Народна Банка
До редакцијата на Инфомакс пристигнаа информации и фотографии дека пред зградата на Народна Банка има засилено полициско обезбедување.
Како што дознаваме до институцијата пристигнала дојава за поставена експлозивна направа.
На терен пристигнале антитерористички единици, како и кучиња трагачи кои детално го чешлале теренот во потрага за бомба.
Како што неофицијално дознаваме за среќа не е пронајдена никаква експлозивна направа на лице место.
Да се потсетиме дека пред една година, македонските институции и школи редовно добиваа лажни дојави за бомби, а официјалните државни органи посочија дека се работи за хибриден напад и војна која се води против Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Италија планира казни до 160 евра за…
Италија наскоро би можела да воведе казни…
Форумот за образовни промени поднесе тужба против…
Форумот за образовни промени (ФОП) денеска поднесе…
Скопјанец се заканувал на жена дека ќе…
Триесет и шестгодишен скопјанец бил лишен од…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Серија дојави за бомби ги крена борбените…
Унгарија денеска трипати ги крена борбените авиони…