(Фото) И Владата “светка” во боите на ЕУ
Покрај зградата на Министерството за надворешни работи, вечерва во боите на Европската Унија (ЕУ) светна и зградата на Владата на булевар „Илинденска“.
Од Владата додаваат дека ова се должи поради тоа што „денес во Брисел запишавме ново поглавје во македонската историја“
-Ветуваме дека забрзано ќе чекориме кон дополнителен развој и стабилност за сите наши граѓани. Европските вредности се наши вредности а пријателствата кои ги градиме создаваат нови културни мостови и можности за сите нас. Обединети сме во различностите и подготвени за ЕУ дома и Северна Македонија во ЕУ. Нека ни е честито на сите!, стои во објавата на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…
Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Дизелот во ЕУ достигна нов рекорд: 2,24…
Просечната цена на дизелот на бензинските пумпи…