(Фото) Ковачевски се сретна со претставници на македонското малцинство во Тирана
Премиерот Димитар Ковачевски кој присуствува на Самитот на Берлинскиот процес кој се одржува во Тирана се сретна со претставници на македонското малцинство во Република Албанија.
– Во Тирана се сретнав со претставници на македонското национално малцинство во Албанија, наши иселеници и бизнис заедницата, со кои разговарав за Македонците во Мала Преспа, Тирана, Голо Брдо и Гора.

Владата дава севкупна поддршка во сите области за нашите Македонци кои живеат во Албанија. Заеднички ја поздравивме одлуката на Универзитетот во Тирана да се изучува македонскиот јазик, иста ваква одлука ќе се реализира наскоро и на Универзитетот во Корча. Ја разгледавме иницијативата во Тирана да се отвори бизнис клуб каде ќе членуваат македонски и албански компании, тоа ќе го потврди позитивниот тренд на раст на компаниите. Спроведуваме повеќе активности во однос на зголемување на бројот на стипендии за студирање на високо образовните институции во нашата држава.

Продолжуваме континуирано да помагаме за подобрување на условите за живеење на нашите иселеници, во подобрување на условите за образование, како и финансиска помош за комунално уредување на општините каде живее македонско население, напиша Ковачевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судир меѓу полиција и демонстранти на протест…
Протест пред албанскиот Парламент, придружен со судир…
По спорот за химната, Македонците од Пустец…
До редакцијата на Национал пристигна реакција од…
Тирана реагира зошто не се интонирала и…
Министерството за Европа и надворешни работи на…
Во Пустец ќе се одржи македонскиот фолклорен…
Под покровителство на премиерот Христијан Мицкоски, на…
Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…
Македонците по потекло од селото Ербеле, областа…