(Фото) Кога се работи потребите на граѓаните, нема работно време: Ѓорѓиевски вечерва на средба со жителите на ул. ,,Вера Јоциќ”

t

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, доцна вечерва беше на терен, на средби со граѓаните на ул. „Вера Јоциќ“. Како што изјавија граѓаните во разговор со градоначалникот, имаат проблем со недоволно паркинг места, како и со брзото возење поради што побараа да бидат поставени легнарити полицајци. Граѓаните исто така побара и нови фасади на старите згради кои со децении го рушат ликот на населбата.

„Јас и мојот тим сме луѓе од народот и избрани токму од него и обврска е да бидеме меѓу него, а не затворени во четири ѕида. Кога се работи за нивните потреби, тука нема одредено работно време, ние сме постојано во нивна служба. Од моја страна, беше посочено дека ќе ги направиме сите напори за да одговориме на барањата на нашите сограѓани. И тоа не е само празен збор на хартија, решението е секогаш мој приоритет.“, изјави Ѓорѓиевски.
Градоначалникот додаде дека неговата програма беше само почеток на преродбата што следува во Кисела Вода, а преку ваквите средби истата ќе се дополнува и ќе се решаваат дури и најситните проблеми.
„Моите сограѓани ми ја дадоа довербата, јас сум должен да одговорам на нивните потреби. Продолжуваме!“, вeли Ѓорѓиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одлична вест: Водата за пиење во Скопје…

Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки…

Дел од населбата 11 Октомври без вода

 Дел од корисниците од населбата 11 Октомври…

Хрватскиот министер за здравство по појавата на…

Откако едно лице претходно било хоспитализирано во…

Поради дефект без вода Драчево, Долно Лисиче,…

Регионалниот центар за управување со кризи на…

ОН велат дека децата во Газа пијат…

Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) денеска…