(Фото) Кумановската болница повеќе од 48 ЧАСА Е БЕЗ ВОДА!
Кумановската болница повеќе од 48 часа е без вода, дознава Инфомакс од извори од болницата. Дел од вработените и пациентите кои сакаа да останат анонимни, истакнаа дека не е можно да се одржува соодветна хигиена во болницата, ниту прописно да се подели храна, а дел од тешките случаи лежат во урина и измет бидејќи вработените немаат како да се погрижат за пациентите без вода.
Од кумановски „Водовод“ потврдија дека вода нема поради дефект.
– Почитувани, денес на ден 17.11.2024год. поради дефект на водоводен вод Ф350 на ул. 11Октомври (раскрсница со улицата која се вклучува од автопат Е-75), повисоките делови на ниска водоводна зона останаа без водоснабдување. Екипите на ЈП Водовод на терен извршија измена на стандарден режим на водоснабдување со контролиран дотур на вода од средна и висока водоводна зона, поради што водоснабдувањето се стабилизира, и во највисоките делови на ниска водоводна зона се очекува да се нормализира водоснабдувањето во тек на попладневните и вечерните часови. – соопштија од Водовод Куманово.
Во продолжение погледнете каква е состојбата во кујната во кумановската болница.

Како што велат пациентите, ниту во тоалетите нема вода, вработените не одат во ВЦ за да остават простор за пациентите, меѓу кои има и тешки случаи кои бараат посебна грижа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Омилената докторка на повредените е нова директорка…
Д-р Катерина Паниќ – Мирчовска е нова…
Максим Димитриевски сака трет мандат за Куманово
Актуелниот градоначалник и лидер на ЗНАМ, Максим…
Наместо во благајна, парите завршиле во џеб:…
Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за…
Јавен апел: Сите повредени во пожарот во…
Сите повредени во пожарот кои биле на…
Тинејџерка од Куманово е тешко повредена, со…
Вчера претпладне, 18-годишна девојка од Куманово, возејќи…