(Фото) Македонската „фаланга“ од Виена замина на пат за Краков!
Ракометна Македонија и овој јануари ќе пулсира со репрезентативците. Овој пад збирно место на популарната македонска „фаланга“ ќе биде полскиот град Краков, каде што избраниците на Кирил Лазаров ќе ги одиграат натпреварите од првата групна фаза од СП.
Утрово, група од околу сто македонски навивачи од Виена тргнаа за Краков, каде што ќе имаат задача да им дадат поддршка на младите македонски ракометари. Македонски фанови ќе има од цела Европа, па како и на секој досегашен голем ракометен собир така и во арената „Таурон“ се очекува да преовладува црвената боја.
Македонија првиот натпревар го игра вечерва, против моќната Норвешка. В недела нè чека средба со Холандија, а по два дена ќе се судриме со Аргентина.
извор+фото: gol.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Без против и воздржани: Теодора Ефтимовска Бојковска…
Комисијата за прашања на изборите и именувањата…
Маж од Охрид ја пријавил сопругата за…
По секојдневните пријави од жени за семејно…
Ќучук не знае или намерно шири дезинформации…
Случајот со Ива Михајлова повторно го отвори…
Александар Чупиќ утре треба да дојде во…
Ако не се промени нешто претседателот на…
ЕСМ конечно е во добивка од 449…
АД ЕСМ ја заврши првата половина од…