(Фото) Македонците во Албанија го одбележаа Божиќ
Македонците во Албанија го одбележаа Христовото раѓање – Божиќ присуствувајќи на светите литургии во храмовите во Мала Преспа.
Традиционално, меѓу нив беше и лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски.
Тој присуствуваше на божествената литургија во црквата „Свети Димитрија“ во селото Горна Горица.
– Христос се роди! Навистина се роди! Здравје, среќа, радост, љубов, благосостојба на сите да донесе. Среќен Божик, посака тој.
Македонските семејства синоќа ја испочитуваа традицијата со месење бадниково лепче со паричка и со посна вечера во кругот на најблиските.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еди Рама: Никој не може да ме…
Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека…
(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…
Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…
И неговите се свртеа против Еди Рама…
Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…
Илјадници млади на улиците во Италија и…
Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…
(Видео) Хаос во Албанија: Горат министерства и…
Албанија трет ден се соочува со масовни…