(Фото) Маск ги претвори канцелариите на вработените во Твитер во спални соби

t

Поранешен вработен во „Твитер“ изјави дека новиот шеф на компанијата, Елон Маск, престојува во седиштето на компанијата откако ја купил.

„Канцелариите изгледаат како хотелски соби“, коментира поранешен вработен за Би-Би-Си.

Канцелариите на „Твитер“ во Сан Франциско се претворени во спални соби за вработените, јави Би-Би-Си. Истиот медиум објави и фотографии од кревети во канцеларии и софи кои се користат како кревети. Според фотографиите, во една од конференциските сали има будилник.

На една фотографија е прикажана соба со брачен кревет, гардероба и папучи. Поранешен вработен во „Твитер“ изјави дека новиот шеф на компанијата, Елон Маск, престојува во седиштето на компанијата откако ја купил.

Минатиот месец Маск испрати мејл до вработените и ги предупредил дека мора да бидат „екстремно тврдокорни“ или да ризикуваат да бидат отпуштени.

„Само извонредните перформанси ќе бидат задоволителни“, напишал милијардерот во мејл.

Одделот за градежна инспекција во Сан Франциско потврди дека ги истражува можните прекршувања околу претворањето на канцеларискиот простор во еден вид „хотел“ за вработените во „Твитер“.

Маск рече дека градските власти ги напаѓаат компаниите затоа што „обезбедуваат кревети за уморни вработени“. Маск твитна, а потоа избриша дека ќе работи и ќе спие во канцеларија додека не се поправи компанијата.

„Маск сега ги тера работниците да спијат во компанијата. Јасно е дека тој навистина не се грижи за луѓето кои работат за него“, изјави сенаторот од Калифорнија, Скот Винер.

Официјален претставник на градското одделение за градежна инспекција во Сан Франциско рече дека тие мора да се уверат дека зградата се користи како што е предвидено.

„Блумберг“ објави дека и вработените во „Тесла“ и другите компании на Маск кои работат на Твитер спијат во собите на „Твитер“ и таму имаат состаноци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали ВМРО ДПМНЕ стои зад повеќе од…

Дали ВМРО ДПМНЕ стои зад повеќе од…

Маск се мајтапи со Фејсбук: Ако го…

Ако го читате овој пост тоа е…

Портпаролот на Фејсбук се огласи на Твитер:…

Предмалку на својот официјален Твитер профил се…

ЕУ најави истрага за Х (Твитер) на…

Платформата е обвинета за кршење на условите…

Тргната забраната на Х (Твитер) за Алекс…

Десничарската личност стана последниот егзил на кој…