(Фото) Над старата касарна во Битола откриени и отстранети 1.700 рачни бомби од Првата светска војна

t

Дирекцијата за заштита и спасување денес во Битола, над старата касарна откри и отстрани 1.700 рачни бомби и тромблонски мини од Првата светска војна.

Бомбите се откриени на иста локација, кога пролетоска беше откриен арсенал од неексплодирани бомби, во близина на населено место на овој дел од градот, информираа од ДСЗ.

-Се отстранува голема опасност за куќите кои се наоѓаат на 200 метри воздушна линија од местото со бомби. Ископувањата продолжуваат понатаму, а се очекува да се пронајдат уште повеќе од 1.000 вакви бомби, но и други видови на неексплодирани убојни средства. Во акцијата освен пиротехничарот од Битола, Ѓорги Стефанов, поради недостиг на стручни кадри во ДЗС му помагаат и тројца пензионирани припадници од МВР. Двајцата од нив се поранешни припадници на специјалната единица „Тигри“ и еден пензиониран припадник од Отсекот за антитероризам при МВР, тројцата ангажирани со договор на дело – истакна Стојанче Ангелов, директор на ДСЗ.

Во изјава за медиумите, Ангелов апелираше сите граѓани доколку наидат на предмети кои наликуваат на бомба, граната или било каков проектил веднаш да се јават на бројот 112 за стручни лица да го подигнат убојното средство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ГРЦИЈА ОБЈАВИ ДЕТАЛИ ЗА ПЛАНИРАНИОТ АТЕНТАТ –…

План за атентат врз лице во Грција,…

НОВИ 10 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ИСКОП НА…

Европратениците насочија дополнителни десет милијарди евра за…

ТРАМП МУ СЕ ЗАКАНИ НА ИРАН: „ЌЕ…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…

МВР повтрди: Лишен е од слобода вработен…

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…

Студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе биде отворен…

Привршуваат активностите за темелна и енергетски ефикасна…