(Фото) Невиден срам за ДПМНЕ: Протече интерна комуникација, раководителите по општините мораат да донесат по 10 потписи за Гога Сорос – паника и страв од неуспех на Мицкоски

t

До редакцијата на Инфомакс пристигнаа ексклузивни информации од различни Вибер групи на партијата ВМРО-ДПМНЕ на кои се гледа како се врши притисок врз членовите да дадат поддршка за избраникот на Мицкоски за претседателски кандидат.

Начинот на комуникација ја покажува паниката во ДПМНЕ по однос на престојните претседателски избори откако пет кандидати за помалку од недела дена успеаа да ги соберат потребните потписи за да се кандидираат на престојните избори.

Во комуникацијата се обраќа извесен Гоце Марков од Кочани секретар на претседателот на ОК Кочани, Мирче Стојков. Како што може да се забележи во комуникацијата членовите немаат право на избор туку во одреден час на одреден ден мора да се појаваат во просториите на ДИК и тоа по редослед однапред определен од Централниот штаб по ред: Најпрво сите членови на Општински изборен штаб, потоа сите раководители во јавни институции кои со себе мора да донесат плус 10 лица и сето тоа да биде забележано во партиски список, потоа Унија на жени и Унија на ветерани, на крај Патриотски институт и УМС.

Но тоа не е се… За големиот „либерал“ и „демократ“ Гордана Сиљановска Давкова се применува познатиот метод 1+3 и партиски списоци со кој членовите на партијата покрај нивниот потпис мора да донесат уште 3-ца други да се потпишат за професорката.

Сето ова укажува дека се прави огромен притисок за да се соберат час поскоро потписите за Гордана Сиљановска Давкова и не само тоа туку истото покажува дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ доброволно никогаш не би дале поддршка за кандидатот на Мицкоски кој своевремено беше дел од првата Влада на Бранко Црвенковски.

Ваквите недемократски методи за собирање на потписи го покажуваат и демократскиот капацитет на Сиљановска и Мицкоски кога станува збор за уставно загарантираното право на граѓаните на избор на политичката сцена. Претходно Инфомакс објави дека членови на ВМРО-ДПМНЕ „дежурале“ пред канцелариите на ДИК и бележеле кој давал потпис за кандидатурите на противничките кандидати. И покрај сите притисоци пет кандидати меѓу кои и ководителот во Тешки Муабети и градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски во рекордно време ги собраа потребните потписи за да се кандидираат за претседател на Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Подготвени сме за прекин на огнот…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина…

(Видео) Полицијата бара кој го симнал македонското…

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот…

Три случаи во Скопје: Истакнувани знамиња на…

На 28 ноември 2026 година, полициски службеници…

ВМРО-ДПМНЕ: Најстрого го осудуваме сквернавењето на македонското…

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува симнувањето и сквернавењето…

Крушево со 40 сантиметри снег, екипите на…

Крушево се разбуди под снежна покривка од…