(Фото) Повторно се работи за камион кој патувал за Турција: Тошковски објави дека денеска се запленети 150 килограми марихуана

t

Во изминатата недела реализирани се значајни заплени на дрога, односно над 6 килограми кокаин и само денеска над 150 килограми марихуана, информира на својот фејсбук-профил, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

„Продолжуваме бескомпромисно против недозволената трговија со дрога! Во рамки на нашите засилени оперативни мерки за сузбивање на недозволената трговија со дрога, во изминатата недела реализирани се значајни заплени, односно над 6 килограми кокаин и само денеска над 150 килограми марихуана. Овие резултати се потврда за нашата цврста и доследна заложба во пресекувањето на криминалните канали и ставањето крај на активностите што ја загрозуваат безбедноста и здравјето на граѓаните“, порача тој.

Како институција со јасен мандат за заштита на јавниот ред и мир, додаде првиот човек на полицијата, остануваме непоколебливи во спречувањето на сите форми на криминал.

„Нема компромиси со оние што го прекршуваат законот и се обидуваат да профитираат на сметка на безбедноста на нашите граѓани“, дециден е Тошковски.

Како што претходно објавивме, поголема количина дрога скриена во камион со македонски регистарски таблички синоќа откриле екипи на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи (МВР) и на Царинската управа на граничниот премин „Богородица“.

Дрогата била скриена во камион што бил товарен со рециклирана отпадна хартија. Камионот, според првичните информации, влегол во земјава од Косово и требало да оди за Грција, а оттаму да продолжи до крајната дестинација, Турција.

Основното јавно обвинителство, пак, вчера донесе наредба за истрага против две лица кои се осомничени дека сториле кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на психотропни супстанции и прекурсори и побара притвор и куќен притвор. Кај нив била пронајдени 4,5 килограми кокаин.

Како што информираа од Обвинителството, по претходно направени претреси и собрани докази, лицата вчера биле лишени од слобода.

„Како резултат на материјалните и видеодокази, обезбедени при претресите во акцијата што под раководство на јавен обвинител беше спроведена на 18 и 19 јануари годинава, во текот на денешниот ден од слобода се лишени две лица. На лицата им се става на товар дека сториле кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на психотропни супстанции и прекурсори“, соопшти Обвинителството.

Ова не е изолиран ваков случај затоа што пред само една недела Инфомакс објави дека во камион од Македонија на кој последна дестинација му била Турција исто така е запленета огромно количина на марихуана. Детали од претходниот текст на Инфомакс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…

ШПИОНСКИ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ „НВИДИА“: Директорот призна…

Извршниот директор на американскиот технолошки гигант „Нвидиа“,…

Брнабиќ предупреди на дестабилизација на Србија

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана…

Отворена истрага против 24-годишниот напаѓач од Краков:…

Обвинителството во Краков денеска отвори истрага против…