(Фото) Попладнево се расипа уште еден автобус на ЈСП
Откако денеска двокатен автобус се запали кај Транспортниот центар во Скопје, попладнево се сервисираше уште едно возило кое се расипа на сред пат. Станува збор за автобус од линијата 5, кој „испушти душа“ во Влае.
Претходно денеска директорот на ЈСП „Скопје“ Драги Кушовски за МИА потврди дека автобус на ова јавно сообраќајно претпријатие се запалил под Железничката станица и појасни дека е направен увид, но се уште нема официјални податоци за причините. Тој рече дека биле на местото на настанот при што е констатирано дека автобусот бил паркиран и во него немало патници. Според него, најверојатно се работи за запалена инсталација.
Пожарот избил во задниот дел кај моторот, по што веднаш била повикана противпожарна бригада, која спречила проширување на пожарот.
Инцидентите следат по излетувањето на автобус кај ТЦ „Мавровка“, до кое најверојатно дојде поради неиспавен волан.
Фото: republika.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јаневска: Над 13.200 пријави за упис во средно…
Министерката за образование, Весна Јаневска на својот…
Во мај пријавени се три случаи потврдени…
Во текот на мај, во државава пријавени…
Почина новинарот Владимир Лапе
По кратко боледување денеска почина Владимир Лапе,…
Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од…
Чешка и Словачка вратија 139 лица дома…
Пијан скопјанец со тупаници ја удирал и…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…