Објавено на:

(Фото) Ѓорѓиевски: После повеќе од половина век, Порупи добива нова водоводна мрежа!

t

Започнува изградбата на нова водоводна мрежа долга 1450 метри на ул. ,,Илија Ристевски” со краците во месноста Порупи во с. Драчево, информира градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

– Денес го промовираме овој проект, кој е шести од предвидените седум капитални проекти по повод роденденот на Кисела Вода.

Важноста на овој проект и неговата класификација како капитален, се огледува во фактот што постојната мрежа од која досега се снабдуваа жителите е стара повеќе од 60 години, односно е градена во време кога населеноста, а со тоа и потребите биле значително помали. Дополнително, големи проблеми се појавуваат поради притисокот што се јавува врз оваа водоводна мрежа бидејќи истата минува низ дворовите и куќите на жителите на оваа улица и краците што гравитираат кон неа.

До средината на август ќе заврши изведбата на новата водоводна линија долга 1450 метри со што населението ќе добие квалитетни и современи услови, какви што доликуваат на живеењето во 21 век.

Апелираме до граѓаните кои живеат во овој дел на селото Драчево за трпение и разбирање додека траат градежните работи, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се санира мостот на Маркова Река, инвестицијата…

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта…

(Фото) Запален автомобил во Драчево

Рано утрово во Драчево е запален автомобил,…

Залутано зрно погоди малолетник во двор на…

Вчера во 19:45 часот во СВР Скопје,…

Булеварот „Борис Трајковски“ ќе биде завршен пред…

Продолжува изградбата на булеварот „Борис Трајковски“, проект…

Делови од Драчево утре без струја

Од ЕВН известуваат дека поради зафати во…