(Фото) ПРОДОЛЖУВА АКЦИЈАТА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје и во текот на денешниот ден, продолжија со спроведување на активностите во рамките на пролетната акција за чистење на Старата скопска чаршија.
Со 15 работници на терен се изврши рачно метење и чистење на следните улици во овој реон: Битпазарска, Београдска, Казанџиска, Градиште, Лазар Танев, Ковачка, Атанас Бабата, Евлија Челебија и Архиепископ Аргилариј.

„Старата чаршија претставува една од најатрактивните и најфреквентните локации во градот Скопје, често посетувана и од страна на странските туристи. Во текот на викендов спроведовме пролетна акција за чистење на сите внатрешни улици и делови на Чаршијата, во соработка со екипите на ЈП Водовод и канализација-Скопје, коишто вршеа расчистување, проверка и контрола на атмосферската и фекалната канализациона мрежа. ЈП Комунална хигиена-Скопје ги продолжува своите секојдневни активности за одржување на максималното ниво на хигиената и чистотата во овој дел на градот.”-изјави в.д.директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поранешен косовски министер уапсен во акција против…
Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…
Маск застана зад сменетиот шеф на „Енвидија“:…
Илон Маск се приклучи на сè погласните…
Невини биле: Бугарската ДАНС негира дека ја…
Агенцијата го оспорува потеклото на снимките и…
(Фото) Ја тепал во автомобил додека не…
Охридската полиција утрово привела 31-годишен маж по…
УАПСЕНИ 11 ВОЗАЧИ: Возеле пијани и без…
МВР соопшти дека 11 возачи се лишени…