(Фото) Протече нова комуникација: Комитите на батерии „го влечат за уши“ членството да се потпише за кандидатот на Бранко Црвенковски!
Откако Инфомакс објави дека се врши сериозен притисок врз членството на партијата да излезе и да го даде својот потпис за претседателската кандидатура на Гордана Сиљановска Давкова, кадар на Бранко Црвенковски неприфалтив за поголемиот дел од старите вмровци, до редакцијата на Инфомакс пристигнаа уште низа на такви пораки испратени до членовите со кои се врши притисок да се потпишат за Сиљановска.
Пораката која е во прилго е испратена до сите членови на ВМРО-ДПМНЕ во Битола и гласи: „Утре во 09:00 сабајле за потпис во боробо за претседателскиот кандидат на ВМРО поздрав Влатче“.

Инаку се работи за порака испратена од Влатче Дамјановски претседател на Месен комитет во Битола, а такви пораки се испратени од претседателите на Месните комитети насекаде низ Битола и Македонија.
Очигледно огромен е притисокот врз партиското членство од „големите демократи“ Мицкоски и Сиљановска за час поскоро да се соберат потписите за нејзината претседателската кандидатура.
Како што дознава Инфомакс од извори високо во партиската структура на ВМРО-ДПМНЕ сериозен страв и паника предизвика фактот што дури пет кандидати во рекордно време собраа повече од 10 илјади потписи потребни за кандидатура на претседателските изброи.
Ова кај Мицкоски предизвикало сериозен сомнеж дека голем број гласови на кои тој се надевал ќе се одлеаат кај Стевче Јакимовски, Биљана Ванковска и Максим Димитриевски по што следувала наредба да се следи кој дава потпис за „невромовските“ кандидати и да се врши притисок врз членството и неопределените.
Како резултат на гореспоменатиот тек на работите, Мицкоски и Сиљановска одлучиле со сталинистички и недемократски методи, со списоци 3+1 и 10+1 за вработените во општините да се врши притисок да се даде потпис, а потоа и да се гласа за професорката на претстојните избори. Очигледно некои работи никогаш не се менуваат…
(Фото+Видео) На пуленот на Мицкоски му се случи народ: Ѓорчевци на улица против хемиски фабрики и бетонизација на општината!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се деконтаминира „Вардариште“ за осум месеци ќе…
Процесот на „одгасување“ на поранешната депонија „Вардариште“…
Гаши од Рокас го прими Извештајот на…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши попладнево од…
Парите никогаш не биле во трезорот: Околу…
Најголемиот дел од околу 390 милиони евра…
(Видео) Поради хороскопот и „ретрограден Меркур“, министерката…
Невообичаената видеообјава на министерката за образование и…
По затварањето на Алта банка во Србија…
Менувачниците во Србија продале речиси 745 милиони…