(Фото) Противпожарната бргада на Град Скопје ја отстрани цевката што висеше на булеварот “Третата Македонска Бригада”

t

Цевката што висеше на Булевар Третата Македонска Бригада бр.20 е отстранета од страна на БППЗ на Град Скопје. Сообраќајот се одвива нормално. Поради тоа што цевката е отстранета, билбордот не е стабилен и за истото е известена фимата ОК Медиа за превземање на дополнителни мерки и активности во нивната надлежност, известуваат од ЦУК.

– Вечерва, по пријава на единствениот број за итни случаи на 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) за опасност по безбедноста по граѓаните над булеварот „Трета Македонска Бригада“ бр. 20, ЦУК, преку Секторот за операции и координација и регионалниот центар РЦУК Град Скопје, се преземени координативни мерки за отстранување на опасноста.
Конкретно, за опасноста по граѓаните, ЦУК ги информираше институциите на Град Скопје, дека на границата меѓу општините Центар и Аеродром близу Железничката станица, е опасно надвисната метална цевка (најверојатно алуминиумска) од рекламно пано над коловозот на булеварот „Трета Македонска Бригада“.
Полицијата го обезбедуваше местото до моментот на отстранување на цевката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 12:00 до 16:00 часот ќе се…

Во реон на автопатот A2 Кичево-Охрид, што…

ЦУК: 22 пожари на отворено во последното…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…