(Фото) Седум зaгинaти од кои две деца во eксплозија и пожар во Франција
Најмалку седум лица, меѓу кои две деца, загинаа, а неколку се повредени во експлозијата и пожарот утринава во зграда во Сен Лоран де ла Салан во југозападна Франција, јавија француските медиуми.
Едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а три полесно во болница поради вдишување чад, пренесе Франс инфо.
Експлозијата се случила во приземјето на зградата каде што се наоѓа продавницата, а од детонацијата и пожарот што следел биле оштетени најмалку 11 станови.
Во близина на зградата се пронајдени боци со плин, но се уште не се знае дали тие се причина за експлозијата.
Обвинителството отвори истрага за „предизвикување пожар со смртни последици“.
Министерот за внатрешни работи Герал Дарманен го посети местото на несреќата.
🔴 Pyrénées-Orientales : sept morts, dont deux enfants, suite à une explosion dans un immeuble https://t.co/tgdgJUuejt pic.twitter.com/8hjGkHpU5r
— France Bleu (@francebleu) February 14, 2022
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Полицаец се запали среде протести во…
Полицаец во Франција се запали откако демонстрант…
Франција распоредува 70.000 полицајци по најавите за…
Франција се подготвува за нови протести со…
Франција заплени 68 кг кокаин, информациите ги…
Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка…
Речиси 1.000 уапсени по вчерашните протести и…
Речиси 1.000 лица се уапсени откако стотици…
Се урна воен авион во североисточна Франција
Воен авион се урна во вторникот доцна…