(Фото) СЕ РЕДАТ ГРЕШКИ СО ЗНАМИЊАТА: МНР неодамна и го смени на Словенија, а во учебник по географија сменето и знамето на Португалија
Не знаев дека протоколот од МНР „пишува“ учебници за 8 одделение, со погрешни знамиња, гласи ироничната објава од корисник на Твитер, во врска со грешките што на протоколите на Македонија и се случуваат со истакнувањето на знамињата.
Последен гаф со истакнувањето имаше пред неколку дена, кога гостинка на министерот Бујар Османи му беше неговата словенечка колешка, Тања Фајон, по што МНР се извини.
Такви и слични грешки во повеќе наврати му се случувале на македонскиот протокол при официјални посети на странски политичари.
Сега, како што е посочено во објавата на Твитер, забележано е дека грешка со знамето има и во учебник по географија, во кој наместо знамето на Португалија е прикажано знамето на Шпанија.
Ако е тешко во Македонија да се изградат шахти на улиците и на патиштата, да бидат на исто ниво, зарем иста тешкотија претставува да се научат и знамињата на државите? Од посочениот пример за учебникот, произлегува дека македонските протоколи учат од лоши учебници за знамињата.
Клучни ресори во образовните институции во Македонија, во кои спаѓа и контролата на квалитетот на учебниците, освен СДСМ има и ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…
Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…
(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…
На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…
Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…
Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…
Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…
Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…
Запрен романски камион во возната лента можеби…