(Фото) Сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ заедно со Мицкоски на предавање од тројца министри за надворешни од ЕУ – им се заканија со изолација и им порачаа да го сменат Уставот
Сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ денеска заедно со претседателот на партијата, Мицкоски беа “на предавање” од тројца министри за надворешни од држави-членки на ЕУ кои им се заканија со изолација и им порачаа да го сменат Уставот.

Ако не ги прифати уставните измени и не продолжи да оди кон европскиот пат С. Македонија се соочува со опасноста да биде изолирана, порача денеска од Скопје шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин Бујар Османи и министрите за надворешни работи на Чешка и на Словачка, Јан Липавски и Мирослав Влаховски кои се во посета на земјава.
-Штом ќе почнат преговорите, тоа е неповратен процес. Земјата чека 18 години да дојде до овој момент. Сега вам ви останува да го искористите овој момент. Политички треба да се биде одговорен и пред се да се имаат националните интереси. Моментот е сега и ве уверуваме дека не се мешаме во внатрешните работи на земјата, порача Шаленберг.

Шаленберг нагласи дека не се случува секој ден тројца министри на три членки на ЕУ да дојдат во земја на Западен Балкан, што, како што кажа, треба да биде силна порака за вас
-Нашата порака е едноставна и силна – тоа е порака на охрабрување, нема време за губење, би сакале да продолжите со потребните уставни измени за да почнете со преговорите за членство. Да се одложи усвојувањето на амандманите значи да се одложи пристапувањето на Македонија. Би било штета Скопје, откако истрча еден тежок маратон да се сопне на следната пречка. Долг пат изминавме заедно и надминаме многу тешкотиии, дециден е тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ
СДС го проби дното и ги нарече…
Кузманоска: Од 1,6% економски раст во време…
Инвестициите скокнаа за 16,5 отсто, градежништвото расте…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ против дата-центрите, дури…
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМ, Венко…
СДСМ обвинува: За две години, Владата ја…
Ново политичко препукување меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ…
Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3000…
Почетокот на новата учебна година повторно отвори…