(Фото) Социјалните мрежи вријат – сложни браќа и во петок мрсат: Бившиот од СДСМ и актуелниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија сликани во кафеана

t

На социјалните мрежи се појави фотографија од бившиот градоначалник на Гевгелија од редовите на СДСМ, Сашко Поцков и актуелниот градоначалник на Гевгелија од ВМРО-ДПМНЕ, Андон Сарамандов.

Фотографијата ги запали социјалните мрежи на кои граѓаните коментираат дека двете партии кои во јавноста важат за големи непријатели впрочем заедно соработуваат на сите полиња.

Дополнителна доза на иронија и дава на фотографијата фактот што ВМРО-ДПМНЕ како опозиција го обвинуваше Поцков за милионски криминал при набавка на возила за чистење на улици од компанијата БРАКО на Кочо Анѓушев кој пак неодамна беше фотографиран со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според документите кои ги објави опозицијата 2020 година направена е сомнителна набавка на компактно возило за метење кое е набавено како употребувано. Информациите се дека истото тоа возило го управува лице кое не поседува возачка дозвола. За ова возило ЈПКД Комуналец платил 30.000 евра за употребуваната метларка на фирмата Брако Доо Велес која е во сопственост Кочо Анѓушев, поранешниот вицепремиер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Канада воведува нови царини за американските производи

Канада од 8 септември ќе воведе царини…

Ангелов: Ја изгубивме контролата над пожарот во…

Центарот за управување со кризи известува дека…

Македонија и Kосово ја зајакнуваат царинската соработка:…

Царинските управи на Македонија и Косово во…

Американски воен транспортен авион слета во Москва,…

Американски воен транспортен авион утрово слетал на…

15-годишник приведен во Скопје, управувал мотоцикл без…

Вчера во 20:20 часот во Скопје, полициски…