(Фото) Страшна автобуска несреќа во Турција: 12 лица загинаа!
12 лица загинаа, а 19 се повредени во автобуска несреќа во областа Јозгат, централна Турција, јави турската телевизија ТРТ-Хабер. Возилото ноќе се движело од Сивас кон Истанбул.
Во реонот на градот Соргун, возачот изгубил контрола над автобусот, влегол во коловозната лента, а потоа паднал од височина од 20 метри.

На местото на несреќата пристигнаа полиција, медицински лица, жандармерија, екипи на Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Повредените се пренесени во болниците во градовите Јозгат и Соргун. Двајца од нив се во тешка состојба.
Турскиот министер за правда Јилмаз Тунч изјави дека е започната истрага за инцидентот, јавува Anadolu Agency.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…
Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…
По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…
Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…