(Фото) Страшна експлoзија и пожар во Франција: Неколку загинати, меѓу кои и деца

t

Во експлозија што се случи синоќа во 1.30 часот во зграда во малото гратчето Лоран-де-ла-Саланк во Франција, загинаа најмалку седум лица, меѓу кои и деца. Според локалните медиуми, евакуирани се 25 лица.

По експлозијата следел пожар кој се проширил на соседните згради.

Локалната радио станица France Bleu наведува дека експлозијата се случила во приземјето на зградата, во продавница за храна

Во близина на зградата каде што се случила експлозијата биле пронајдени боци со плин, но се уште не е јасно дали тие биле причина за експлозијата.

„Во експлозија проследена со пожар загинаа најмалку седум лица во департманот Источни Пиринеи. Го прекинувам патувањето до Монпелје за да отидам на местото на настанот. Давам целосна поддршка на мобилизираните државни служби и населението. Моите мисли се со жртвите и нивните семејства“, напиша министерот за внатрешни работи Џералд Дерманин на Твитер.

Во текот на ноќта беа мобилизирани близу 100 пожарникари, а пожарот беше ставен под контрола во понеделник наутро.

Зградата во која се случила експлозијата се уште е во опасност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Полицаец се запали среде протести во…

Полицаец во Франција се запали откако демонстрант…

Франција распоредува 70.000 полицајци по најавите за…

Франција се подготвува за нови протести со…

Франција заплени 68 кг кокаин, информациите ги…

Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка…

Речиси 1.000 уапсени по вчерашните протести и…

Речиси 1.000 лица се уапсени откако стотици…

Се урна воен авион во североисточна Франција

Воен авион се урна во вторникот доцна…