(Фото) Тетово се претвора во депонија, градот тоне во ѓубре!
Тетово повторно тоне во отпад откако пред две недели словенечка компанија го презеде менаџирањето со сметот.
Купишта смет и мини диви депони околу контејнерите во Тетово ги изненадија утринава граѓаните. Тие се надеваа на почист град откако пред две недели Општина Тетово со свечена церемонија на градскиот плоштад ја промовираше словенечката компанија Заубермахер, со која има потпишано договор за менаџирање со сметот односно подигање и танспортирање на отпадот до регионалната депонија Русино.
– Наместо почист добивме повалкан град. Не можеме да им поверуваме на сопствените очи. Проблемов со сметот стана голгота. Се надевавме дека сето ова ќе биде минато, но видете што се случува, сега има повеќе отпад од порано, вели еден тетовка.
– Навистина е жално ова што му се случува на градот. Тетово стана како регионална депонија, да се отселиме од тука и нека се фрла смет долж целиот град, додава друга жителка на Тетово.
Со презентација на камиони за собирање на отпад и нови контејнери на градскиот плоштад во Тетово пред две недели Општината го промовираше почетокот на јавното-приватно партнерство со словенечката компанија Заубермахер, со која пред неколку месеци потпиша договор за собирање и транспортирање на комуналниот смет во Тетово.
Градоначалникот на Тетово Билал Касами тогаш истакна дека сите вработени во ЈКП Тетово кои биле ангажирани во Секторот „Комунална хигиена“ ќе ги преземе словенечката компанија, а сметот ќе се собира во сите села и населени места во рамките на општина Тетово.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Физички нападнати полицајци во Тетово!
На 16.08.2026 во 21:50 часот на ул.„Маршал…
Се запали „БМВ“ на тетовски паркинг
Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски…
Групна тепачка со ножеви во Тетово
На 07.08.2026 во 23:50 часот во СВР…
Две девојки од Тетово скокнале од такси…
Две девојки од Тетово вчера скокнале од…
Тетовец ја претепал својата девојка, па се…
Триесет и двегодишна жителка на Тетово пријавила…