(Фото) Трите лавчиња ја примија првата вакцина- еве кога ќе можат да ги видат посетителите
Трите лавчиња ја примија првата вакцина, информираат од скопската Зоолошка градина.
-Една од превентивните мерки во ветеринарната заштита на здравјето на животните е вакцинацијата. Лавчињата ги вакциниравме против три вирусни болести: панлеукопенија, вирусен ринотрахеит и калцивирус. Првите денови по вакцинацијата стекнуваат имунитет против овие болести, па пожелно е да се затворени. Согласно протоколот за вакцинација во првата недела од јуни следува ревакцинација за истите болести, кога ќе примат и вакцина за беснило. Тогаш ќе бидат и поголеми и посетителите ќе можат да ги видат, додаваат од Зоо- Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борисов: Чудно ми е како Радев знае…
Бојко Борисов денеска го искористи своето право…
Марта Кос ѝ честиташе на Студентската листа:…
Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа…
(Видео) Силна експлозија пријавена во Техеран, активна…
Силна експлозија наводно се слушнала во населбата…
(Видео) Мајка на загинат во Нови Сад:…
Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…
Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ…
Претставници на новата управа на ТВ Нова,…