(Фото) Улиците низ Бутел како хорор филм: Владее црна темница, нема улично осветлување!
Мрак по улиците на Општина Бутел. Политичката партија Левица објави фотографии од улиците во Бутел кои наликуваат на сцени од хорор филм.
– Жителите на Општина Бутел подолг временски период се без улично осветлување во одреден период од ноќта, тоа е главната причина за многубројните реакции и поплаки на граѓаните.
Поплаките на граѓаните се однесуваат на недостаток на улично осветлување кое доведува до темни улици и тротоари во текот на ноќта. Ова создава чувство на несигурност кај граѓаните особено кај децата и жените кои можат да бидат ранливи кога се движат по темните улици. Недостатокот од улично осветлување ја олеснува можноста за криминални активности, вандализам како и го зголемува ризикот од сообраќајни незгоди.

За полесно справување со енергетската криза Општина Бутел формираше јавно претпријатие во март 2022 година чија цел е да обезбеди континуирано, организирано и квалитетно поставување и одржување на јавното осветлување. Под дејност на Ј.П Бутел 2022 се подразбира набавка на електрична енергија, изградба и одржување на јавното осветлување и сервисирање на електричната мрежа за улично осветлување на подрачјето на општината.За жал можеме да констатираме дека во одреден дел ова претпријатие не ја исполнува својата дејност, темните улици се секојдневие на граѓаните.
За да се реши проблемот со недостаток на уличното осветлување потребно е да се превземат неколку чекори. Тоа се проценка на моменталната состојба, инвестиции во инфраструктурата, употреба на енергетски ефикасни решенија ( led светилки ) и редовно одржување. – велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…
Присуството на Левица на јавната трибина „Што…
АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…
Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…
Левица предлага студентскиот оброк да изнесува еден…
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на денешната…
Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…
Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…