Објавено на:

(Фото) Хигиената во Кисела Вода на прво место: Се чисти коритото на Мала Рада

t

Се чисти коритото на Мала Рада во должина од 3,5 километри, објави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Активностите на општина Кисела Вода за расчистување на дивите депонии и создавање на здрава средина за сите жители од овој дел на градот, продолжуваат со засилено темпо.

Со механизација се работи на потегот од препумпната станица во Потстаница до селото Драчево.

Се собира несовесно исфрлениот шут, но и нараснатата тревна вегетација.

Камионите се товарат со отпад кој се носи на депонијата Дрисла.

Со оглед на должината на трасата од околу 3.5 километри, чистењето ќе се одвива во текот на целиот месец.

Чистењето на депониите ќе продолжи и во наредниот период.

Наскоро ваква акција ќе има и за Усјанскиот канал, од страна на Град Скопје во координација со општинските служби.

Апелираме до граѓаните за совесно однесување и за депонирање на отпадот само на места предвидени за таа намена. Активностите на локалната самоуправа за чистење на овие црни еколошки точки ќе продолжат со засилена динамика, но неопходна е поддршката и соработката од граѓаните, за заедничко создавање на модерна, чиста и зелена средина за живеење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 200.000 луѓе во Србија останаа без…

Над 200.000 луѓе во Пожега, Чачак, Лучани…

Загубите на вода во Македонија лани изнесувале…

Загубите на вода на национално ниво во…

ТРАМП ГО УКИНА ОГРАНИЧУВАЊЕТО ЗА ВОДАТА ВО…

Откако со години се жалеше на тоа,…

АХВ со нови мерки за водата во…

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…

Одлична вест: Водата за пиење во Скопје…

Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки…