(Фото) Шах мат: Aрсовска игра шах со Дедо Мраз во исчекување на резултатите од истрагата за елката

t

По комичниот обид за притисок од страна на Финансиската полиција која денес влезе во Град Скопје да проверува колку пари се потрошени за украсувањето на главниот град и која фирма ги добила парите, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ги попари сите дужегрижници со шах мат.

Таа на социјалните мрежи објави фотографија на која игра шах со Дедо Мраз додека ги чека резултатите од истрагата на финансиската полиција за елката.

-Во исчекување на резултатите од истрагата за елката…

Пишува на Фејсбук градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска

Градоначалничката Арсовска за Сител вели дека китењето чини 30 илјади евра, потенцирајќи дека ќе дојдат и ќе проверат и ќе се уверат дека нема ништо.

„Јас не би коментирала повеќе, само ќе ви кажам дека повикани се јавните институции. Ќе си дојдат, ќе си проверат. Тоа не го прави градоначалникот, туку го прави соодветна комисија во Градот Скопје и дека доколку било кој смета дека 300 илјади евра е сумата која треба да се плаќа на компаниите, односно да си плаќа некој на својот кум за да го кити Градот, јас мислам дека институциите треба малку посериозно да се позанимаваат со сите овие работи кои се случуваат во општеството. Знам дека овие корумпирани политичари кои седат на фотелјите 30 години сигурно дека нема нешто што повеќе би сакале во светот, а тоа е да погрешам нешто некаде. Меѓутоа, јас не грешам“ – Данела Арсовска, Градоначалничка на Град Скопје.

Арсовска потврди дека распишала јавен повик за украсувањет.

„Јавни повици и јавни набавки се нешто друго. Јавните набавки одат преку системот за јавни набавки, а јавните повици, секоја локална самоуправа ќе ви каже дека оди преку дел од програмите на нашите градови, односно локалните самоуправи, општините, и за истите си има соодветна законска процедура која е почитувана, истото е правено јавно во дневните весници во Република Македонија со соодветен рок и испочитувано е се како што треба“ – Данела Арсовска, Градоначалничка на Град Скопје

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Можни прекини во платежните трансакци викендов поради…

Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот…

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен…

Проширувањето на Европската Унија кон земјите од…

Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива

Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива…

„ЧАСОВНИКОТ ОТЧУКУВА“: БОМБАШКИ ЗАКАНИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС ВО…

Нов бран закани за поставени експлозивни направи…

ФИНАНСИСКИ ПОТРЕС НА ВОЛСТРИТ: За еден ден…

Американските финансиски пазари се соочуваат со нов…