Франција ги укинува доживотните бенефиции за поранешните функционери
Франција ја започна новата година со укинување на политичките привилегии, кои долго време беа критикувани како несоодветни, а од 1 јануари завршија автоматските „доживотни“ државни бенефиции за поранешните премиери и министри за внатрешни работи, кои вклучуваа службени автомобили, возачи и постојана полициска заштита, објави Euronews.
Овој потег доаѓа откако францускиот премиер Себастијан Лекорн објави кон средината на септември минатата година дека ваквите автоматски бенефиции ќе бидат заменети со договори на одредено време, а поранешните функционери втор ден се без 24 возачи и 24 полицајци за лична заштита.
Според новите правила, поранешните француски премиери ќе задржат државно финансиран службен автомобил и возач десет години, додека полициската заштита ќе биде ограничена на три години.
Поранешните министри за внатрешни работи ќе добиваат заштита две години, по што безбедноста ќе се одржува само доколку се идентификува конкретна закана.
Поранешните премиери беа информирани за промените со писмо од кабинетот на премиерот.
Министерството за внатрешни работи нагласи дека реформата не е насочена кон целосно укинување на заштитата за поранешните функционери, туку кон нејзино намалување за да одговара на реалниот ризик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франција влезе во рецесија: економијата бележи пад…
Француската економија влезе во рецесија, покажуваат ревидираните…
(Видео) Бугарски навивачи нападнати на трибините во…
Марсеј и Левски вчера го одиграа натпреварот…
Во Франција шеста сабота по ред протести…
Ширум Франција шеста сабота по ред се…
Франција потврди присуство на свои војници во…
Француски воени припадници веќе неколку месеци се…
Откажуваат послушност: Француски полицајци не се јавиле…
Речиси 1.000 припадници на француските полициски единици…