Франција го прегази Исланд и е на чекор до полуфинале на ЕП
Ракометната репрезентација на Франција оствари уште еден триумф на Европското првенство (ЕП), откако денеска славеше против Исланд со 39-32 и е на чекор до полуфинале на шампионатот.
Исланд даде отпор само на почетокот на мечот, кога двапати го израмни резултатот (4-4), по што Франција го диктираше темпото на игра и на полувреме замина со 17-14, а до крајот на средбата ја зголеми разликата на седум голови (39-32).
Најефикасни во победничката екипа беа Ричардсон и Фабрегас со по шест голови, додека по исто толку постигна Кристијансон, Рикардсон и Видарсон за Исланд.
Франција е прва во групата 1 со шест бодови, по што следи Австраја со три, Унгарија и Германија со два, Хрватска има еден, а Исланд е без освоен бод.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Русија го остави Киев без струја,…
Жителите на станбениот комплекс Варшавски во Киев…
Почина Џевад Прекази, еден од најпознатите фудбалери…
Имаше 69 години, а веста за неговата…
(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…
Пожар избувна во висока станбена зграда во…
Филков: Уставот и законите налагаат правосудниот испит…
ЗНАМ не отстапува од својот став околу…
Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…
Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…