Франција изненадена од гласањето на Македонија за резолуциите за Украина: „Одлуката беше неочекувана“
Одлуката за гласањето на Македонија за резолуциите за Украина за нас беше неочекувана, изјави денеска францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле Риголер.
Целта на европската дипломатија, како што рече тој е да се одржи унитарноста и да се има исти заеднички пристап кој ќе обезбеди безбедност на континентот во наредните години.
„Навистина вие посочувате кон важна тема, за одлуката за гласање на Северна Македонија во Њујорк која што за нас беше неочекувана. Мислам дека треба да се концентрираме на темата која што е важна затоа што се случија гласањата во Њујорк, за проектот за резолуција. Постои навистина неопходност за излегување од конфликтот во Украина, но има и поважна тема, а тоа е вредноста која што денес ја даваме во Европа на територијалниот интегритет, почитувањето на сувереноста, империјализмот на еден сосед во однос на друг сосед, до тој степен што се негира неговото постоење, идентитет, и јазик. Тоа е тема која што бара единствен европски одговор. Целта на европската дипломатија денес, целта на секој од нас е токму да се одржи таа унитарност и да се има исти заеднички пристап кој ќе обезбеди безбедност на континентот во наредните години, наредените децени за нас и нашите деца“ рече францускиот амбасадор во одговор на прашањето дали можеби позицонирањето на земјава за резолуциите на ОН може да се одрази на нашиот евроинтегративен пат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Марин Ле Пен во комотно водство пред…
Кандидатката на крајнодесничарското Национално собирање (RN), Марин…
Кадиров повторно се заканува со освојување на…
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров повторно даде остри…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…