Франција спречила два заговори за терористички напад на ОИ
Француските безбедносни сили спречија два одделни заговора за терористички напад за време на Олимписките игри, изјави денеска министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманен.
Според него, полицијата извршила „неколку апсења“ во две одвоени операции.
„Тоа не беше објавено во изминатите денови поради изборната кампања, но ние уапсивме луѓе за кои се сомневаме дека планирале терористички напади“, рече Дарманен во интервју за францускиот информативен канал BFM TV.
Министерот додаде дека терористичката закана во Франција се уште е висока.
Франција е на највисоко ниво на тревога за тероризам од март, по нападот во московската сала „Крокус“ во кој загинаа 145 лица, а одговорноста за нападот ја презеде ИД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заловени 96 говеда во Крива Паланка, АХВ…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) досега…
Трамп: На САД не им е потребна…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на…
Српскиот парламент денеска конечно треба да добие…
Пратениците во Народното собрание на Србија ја…
Русија ги загрозува бродските рути во Црно…
Бугарските власти располагаат со разузнавачки информации и…
Водата во Струга е забранета за пиење
Водата од водоводната мрежа во цела Општина…