Објавено на:

Французите им се налутија на политичарите: Рекордна неизлезеност на парламентарните избори

t

По многу тесните резултати минатата недела меѓу претседателското мнозинство и Нупес, вториот круг од законодавните избори оваа недела се најавуваше како неизвесен, за назначувањето на 577 идни пратеници на Националното собрание. Сепак институтите за испитување на јавното мислење велат дека неизлезеноста е масовноа како и во првиот круг (53%) и ќе изнесува околу 54 отсто, јави дописникот на МИА.

Една недела на кампања помеѓу двата круга беше кратка и напната. Штом се дознаа резултатите од првиот круг на парламентарните избори, ставајќи ги макронистите и сојузот на левицата рамо до рамо, инвективите пораснаа со иста брзина како и живата во термометрите. Под притисокот на добрите резултати на Нупес, како и подемот на Националниот собир, претседателското мнозинство се зацврсти на своето „ниту крајно десно”, „ниту крајно лево”, демонизирајќи ги Меланшон и неговиот сојузот на левицата за да флертуваат со десничарскиот електорат. Заостанувајќи во анкетите, сојузот на левицата се обидуваше да ги мобилизира младите луѓе кои масовно се воздржаа. Во прашање: апсолутно или релативно мнозинство на Емануел Макрон во Собранието.

Според првите проценки се движиме кон релативно мнозинство за Емануел Макрон. Иако според анкетата на Одокса Бакбонб Консултин за Фигар, дури 70% отсто од Французите не сакаат Емануел Макрон да добие апсолутно мнозинство во Националното собрание.

Сценарио кое би можело да се оствари, според проекциите на оваа анкета. Заедно! – сојузот на макронистите би добил меѓу 252 и 292 пратенички места, едвај повеќе од апсолутното мнозинство (289), во најповолното сценарио. Што се однесува до Нупес, тоа би можело да освои помеѓу 179 и 225.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција распоредува 70.000 полицајци по најавите за…

Франција се подготвува за нови протести со…

Франција заплени 68 кг кокаин, информациите ги…

Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка…

Речиси 1.000 уапсени по вчерашните протести и…

Речиси 1.000 лица се уапсени откако стотици…

Се урна воен авион во североисточна Франција

Воен авион се урна во вторникот доцна…

Марин Ле Пен профитира од хаосот на…

Откако избувнаа немири во градовите низ Франција…