Французите постари од 40 години се плашат дека нема да дочекаат пензија
Според студијата на Фондацијата Адеко Груп – Кредо, која беше објавена денеска, предизвиците на вториот дел од кариерата во 2023 година се здравјето, наградувањето и очекувањето професионален развој.
Кредо истражувал како вработените на возраст меѓу 40 и 59 години се проектираат на крајот на нивните кариери, објави францускиот дневен весник „Монд“.
Истражувањето за животните услови и аспирациите на Французите, кое се спроведува секоја година во три фази (јануари, јуни, октомври) од 1978 година, беше спроведено во 2023 година на позадината на дебатите за пензиските реформи.
Од 13 до 26 јануари беа интервјуирани 3.051 лице на возраст од 15 и повеќе години, вклучително и 960 вработени на возраст од 40 до 59 години, кои зборуваа за нивните грижи, лични и професионални цели на крајот од кариерата.
Резултатите што ги откри „Монд“ најавуваат три главни предизвици за менаџерите за човечки ресурси во 2023 година: здравјето на старите лица, одржување на нивните придобивки и очекување за професионален развој.
Повеќе од две третини (68 проценти) од вработените на возраст од 40 до 59 години стравуваат дека не се во доволно добра здравствена состојба за да издржат до пензионирање, се истакнува во студијата.
Министерството за труд веќе во 2019 година заклучи дека 37 отсто од сите вработени не се сметаат себеси за способни да продолжат до пензионирање.
Покрај здравствените проблеми, 52 отсто стравуваат од замор и губење на мотивацијата, особено кога се во прашање менаџерите.
Можните здравствени проблеми на крајот од кариерата ги погодуваат жените (71 отсто) повеќе од мажите (65 отсто), иако се јавуваат во сите професионални категории, тие се повеќе застапени кај работниците (72 отсто) отколку кај менаџерите (62 отсто).
Оваа загриженост може да се објасни со значителното интензивирање на работата, континуирано од 2000-тите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…
Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…
Во Франција е поништен законот со кој…
Францускиот уставен совет, телото кое проверува дали…
Дипломатски скандал ја тресе Франција – млади…
Франција покрена дисциплинска постапка против својот амбасадор…
Софи Адено ќе стане првата Французинка што…
Минатиот февруари, Софи Адено влезе во историјата…
Медузи ги запреа трите реактори на една…
Голем рој медузи предизвика привремено запирање на…