Францускиот премиер најави оставка доколку Макрон победи на претседателските избори
Францускиот премиер Жан Катекс денеска изјави дека има намера да поднесе оставка по вториот круг од претседателските избори, доколку победи актуелниот претседател Емануел Макрон, пренесе радиото Франс Инфо.
– Ќе поднесам оставка во деновите по изборите доколку Макрон биде реизбран, рече Кастекс, додавајќи дека се зависи од изборните резултати.
Тој навести можност да остане на власт до парламентарните избори закажани за јуни, доколку лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен победи на претседателските избори, бидејќи тоа го дозволува Уставот.
Кастекс, кој е од редовите на десничарската Републиканска партија, како причина за неговата евентуална оставка наведе дека е еден од оние кои сметаат дека е потребен нов поттик по реизборот на Макрон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Полицаец се запали среде протести во…
Полицаец во Франција се запали откако демонстрант…
Франција распоредува 70.000 полицајци по најавите за…
Франција се подготвува за нови протести со…
Франција заплени 68 кг кокаин, информациите ги…
Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка…
Речиси 1.000 уапсени по вчерашните протести и…
Речиси 1.000 лица се уапсени откако стотици…
Се урна воен авион во североисточна Франција
Воен авион се урна во вторникот доцна…