Објавено на:

ФРАНЦУСКИОТ ПРЕМИЕР ПОДНЕСУВА ОСТАВКА! Нов шок по изборните резултати

t

Францускиот премиер Габриел Атал најави оставка.

Францускиот премиер Габриел Атал најави дека ќе поднесе оставка. Ова доаѓа откако проекциите покажуваат дека левичарската коалиција, Новиот народен фронт, го презеде водството на парламентарните избори. Атал вели дека ќе остане на таа позиција за време на Олимпијадата во Париз или додека е потребно.

Проекциите на анкетите покажуваат дека ниту една партија не освоила целосно мнозинство. Францускиот претседател ризикува да биде принуден да ја дели власта со премиер кој се противи на неговата про-бизнис и проевропска политика.

Габриел Атал е премиер на Франција од 9 јануари годинава. Тој ја наследи премиерката Елизабет Борн на таа позиција. Атал е и најмладиот премиер на Франција во историјата.

Да потсетиме дека, според проекциите на анкетите, во вториот круг од француските парламентарни избори, левичарската коалиција Нов народен фронт го зазеде првото место, освојувајќи 43,29 отсто од гласовите (меѓу 180 и 215 пратеници), на второто место е коалицијата „Заедно“, на која припаѓа Макрон, која освои 31,43 отсто од гласовите (меѓу 150 и 180 пратеници) и на трето место е коалицијата „Национален собир“ која освои 25,28 отсто од гласовите (меѓу 120 и 150 пратеници).

По повод споменатите резултати се огласи и францускиот претседател Емануел Макрон. Тој изјави дека нема да се обрати вечерва, а горенаведените резултати не покажуваат кој ќе владее во наредниот период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагрдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…

45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…