Француските земјоделци повикуваат на седумдневна блокада на Париз?
Франција следната недела ќе објави дополнителни мерки за поддршка на своите земјоделци, кои организираа масовни протести поради проблемите со високите трошоци во процесот на производство на стоки, а првичните ветувања од властите не успеаја да го намалат нивниот гнев.
Земјоделците ги блокираа главните патишта во Франција како дел од демонстрациите поради падот на приходите, повисоките трошоци и строгите европски регулативи. Овие протести се совпаѓаат со слични протести на земјоделците во Германија и Полска, пишува Блумберг.
Францускиот министер за земјоделство Марк Фесно во саботата за радиото Франсинфо изјави дека ќе претстави мерки за лозарите.
Синдикатите досега беа сомничави во првичните предлози на владата и ветија дека ќе продолжат со протестите. Сојузот на млади фармери, сојузник со моќната FNSEA, повика на блокада на регионот на Париз од недела навечер.
„Идејата е дека ниту еден камион нема да може да го снабдува главниот град и ќе треба да чекаме една недела за да го почувствуваме недостигот“, рече Максим Буизар, национален претставник на Младите фармери, за ТВ БФМ.
Францускиот премиер Габриел Атал во петокот се обиде да го смири гневот на фармерите, ветувајќи дека ќе го поништи планот за зголемување на даноците на земјоделското гориво и наметнување високи казни за компаниите кои не ги почитуваат правилата за преговори за цените. Тој, исто така, го повтори спротивставувањето на Франција на големиот трговски договор меѓу Европската унија и јужноамериканскиот блок на земји наречен Меркосур.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Напнато во Париз: Уапсени демонстранти, запленето…
Француската полиција денеска до 11 часот уапсила…
Франција денес очекува 140.000 демонстранти
Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…
Експлодираа протестите во Франција: Повредени 40 директори…
Повеќе стотици средни училишта низ Франција и…
(Видео) Хаос на протестите на француските гимназијалци:…
Протестите на гимназијалците во Франција, кои започнаа…
Францускиот премиер свика кризен состанок откако училишните…
Францускиот премиер Себастијан Лекорни денеска свика кризен…