Објавено на:

Француски војници со месеци во Украина во доверлива мисија за обука

t

Мали групи француски војници веќе неколку месеци се распоредуваат во Украина за да ги обучуваат украинските сили и да помагаат во одржувањето на воената опрема, објави агенцијата Франс прес (АФП), повикувајќи се на извор запознаен со мисијата. Според истиот извор, нивните задачи не вклучуваат учество во борбени операции.

За присуството на француските војници на украинска територија прво објави Радио Франс интернасионал (РФИ), кое наведува дека доверливата мисија го носи името „Волија“. Според РФИ, таа се потпира на француската програма за обука на украински војници во Полска, која се спроведува од 2023 година во рамките на воената мисија на Европската Унија за поддршка на Украина.

„Ле Монд“, повикувајќи се на извор запознаен со распоредувањето, објави дека француските тимови се менуваат во редовни ротации и дека нивниот состав неодамна бил засилен. Според истиот извор, Франција повремено извршувала вакви задачи во Украина уште од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.

Францускиот Генералштаб не навел кога почнало распоредувањето, пишува „Фигаро“. Во објавените извештаи нема прецизна бројка за ангажираните француски војници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Француски војници со месеци во Украина во…

Мали групи француски војници веќе неколку месеци…

НОВИ ДЕТАЛИ – потврдено дека е побаран…

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против…

САД со безбедносно предупредување за своите граѓани…

Американските власти ги повикаа своите граѓани во…

(Видео) Како татко, како брат и сопруг…

Ова мое денешно обраќање требаше да биде…

Се преврте брод полн со жито: Бугарија…

Бугарските власти денеска добија повик за помош…