Објавено на:

Француски медиум тврди: Пригожин и Путин одржаа тајна средба во Москва по бунтот

t

Лидерот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, е во Москва од први јули, ексклузивно објави француското издание Liberation повикувајќи се на „извори од западните разузнавачки служби“.

Потсетуваме, Пригожин на крајот на јуни започна бунт против руското воено раководство, најави дека оди во Москва, но на крајот се откажа од намерата. Наводно по наговарањето на белорускиот диктатор Александар Лукашенко. После тоа е „договорено“ Пригожин да биде помилуван, но да продолжи да живее во Белорусија.

Меѓутоа, тој не остана таму долго. Наскоро тој бил виден во Санкт Петербург, а сега француските медиуми тврдат дека на први јули во Москва се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин.

Наводно, на таа средба тој преговарал за иднината на „Вагнер“ со Путин, но и со Виктор Золотов, шефот на Националната гарда и Сергеј Наришкин, шефот на странската разузнавачка служба.

На 6 јули Лукашенко потврди дека Пригожин се вратил во Русија. Нема официјална потврда за тоа каде се наоѓа Пригожин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…

(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…

Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…

На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…

Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…