Француски суд утврди дека радиоактивност е причина за рак кај стјуардеса
Француски суд за првпат го призна космичко зрачење како една од причините за рак на дојка кај стјуардеса. Софи Лено (59), поранешна вработена во Ер Франс, побара нејзината болест да се признае како професионална, што судот во Бајон сега го потврди со историска пресуда.
Судот утврди дека три фактори поврзани со работата придонеле за развојот на болеста: космичко зрачење, пасивно пушење и долготрајна ноќна работа. Пушењето било дозволено на летовите на Ер Франс до 2000 година. Со таа одлука, Лено, чија болест е во ремисија, добива право на предвремено пензионирање, а трошоците за понатамошно лекување ќе бидат целосно покриени од францускиот здравствен систем, јави Би-Би-Си.
Адвокатите истакнуваат дека судот, признавајќи го ракот на дојка како официјален ризик за персоналот во авионите, отворил можност за други слични тужби.
„Мојата најголема желба е оваа одлука да ги охрабри другите жени кои немале храброст да го преземат овој чекор“, рече Лено.
Како стјуардеса, а подоцна и шеф на кабински екипаж во „Ер Франс“, Ленo имала 12.600 часа лет од 1989 до 2019 година, од кои повеќе од половина биле ноќе. Многу летови на долги релации од Париз ја однеле блиску до Северниот Пол, каде што изложеноста на космичко зрачење е најинтензивна.
Студија на Медицинскиот факултет Харвард објавена овој месец покажува дека летачките екипажи имаат највисока стапка на смртност од рак поврзани со зрачење во споредба со повеќе од 500 други занимања.
Според таа анализа, околу 6,9% од смртните случаи кај кабинскиот екипаж и 6,7% кај пилотите биле предизвикани од рак. Авторите на студијата наведуваат дека тие проценти се повисоки отколку во другите професии, вклучувајќи ги и нуклеарните техничари, кои се на 12-то место.
Познато е дека воздушниот сообраќај на големи надморски височини ги изложува луѓето на космичко зрачење, но дозата се смета за занемарлива за повеќето патници. Изложеноста е посилна на половите бидејќи во други области магнетното поле на Земјата делува како штит.
„Ер Франс“ објави дека не учествувале во постапката и дека не го виделе образложението на пресудата. „Здравјето и безбедноста на нашиот персонал се наш апсолутен приоритет. На секој вработен му е обезбедена медицинска нега што го надминува законскиот минимум“, се вели во соопштението на компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Француски суд утврди дека радиоактивност е причина…
Француски суд за првпат го призна космичко…
Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…
Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…
Во Франција е поништен законот со кој…
Францускиот уставен совет, телото кое проверува дали…
Дипломатски скандал ја тресе Франција – млади…
Франција покрена дисциплинска постапка против својот амбасадор…
Софи Адено ќе стане првата Французинка што…
Минатиот февруари, Софи Адено влезе во историјата…