Објавено на:

Француското разузнавање бара откажување на церемонијата за отворање на Олимпијадата поради закани за терористички напад

t

Генералниот директорат за внатрешна безбедност на Франција (ДГСИ) вчера препорача откажување на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз поради терористичка закана!

Француското радио „Еуроп1“ известува дека ДГСИ стравува од терористички напад со оружје или со возило кое може да влета во толпата.

„Тимовите од тројца или четворица „спијачи“ командоси може да бидат активирани од далечина од авганистанската зона. ДГСИ сака да го избегне сценариото на координиран напад на денот на церемонијата на отворањето на Олимписките игри пред камерите,“ јавува „Еуроп1“.

Директоратот го предупреди францускиот министер за вматрешни работи, Жералд Дарманин, за можната закана.

„Сегашниот формат на парадата на спортистите на Сена е премногу ризичен за да остане таков каков што е. Мора да преминеме на План Б,“ вели изворот од разузнавачките служби.

По терористичкиот напад во Москва, кој наводно го изврши авганистанскиот огранок на Исламската држава, заканата била повторно процвенета.

„Во текот на изминатата недела имаше голем број централноазиски граѓани кои вообичаено ги следиме,“ додава извор од разузнавачките служби.

Покрај граѓаните на Туркменистан и Киргистан, француската разузнавачка служба ги набљудува и државјаните на Казахстан. Најголем предизвик е да се спречи напад од „изолирани исламисти“ кои се способни да преземат акција за само неколку дена.

Летните олимписки игри ќе се одржат во француската престолнина од 26 јули до 11 август.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон: Европа мора да покаже дека не…

Европа мора да покаже дека не е…

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на проширување…

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на проширување…

Франција повеќе не е заинтересирана да разговара…

Франција повеќе не е заинтересирана за „разговор…

Уапсена француска градоначалничка, дома чувала 70 килограми…

Француската полиција ја уапси градоначалничката на градот…

Вучиќ од Париз: Стекнувањето на „рафали“ би…

Започнавме со важни средби за нашата земја,…