Фридрих Мерц избран за канцелар на Германија во вториот круг од гласањето
Конзервативецот Фридрих Мерц е избран за нов канцелар на Германија на денешното второ гласање во Бундестагот, откако во првиот круг не успеа да го обезбеди потребното мнозинство.
Во вториот круг, Мерц доби поддршка од 325 пратеници, што е девет повеќе од резултатот во првото гласање, кога „за“ гласаа 310 пратеници.
Од вкупно 618 пратеници што учествуваа во денешното гласање, 325 гласаа „за“, 289 „против“, еден беше воздржан, а три гласа беа прогласени за неважечки. За избор на канцелар беше потребно апсолутно мнозинство – 316 гласови.
ЦДУ/ЦСУ и СПД, кои го поддржаа кандидатот Мерц, заедно располагаат со 328 места во парламентот.
По објавувањето на резултатите, пратениците станаа и му аплаудираа на новоизбраниот канцелар. Мерц накратко остана на своето место, а потоа се упати кон говорницата, откако претходно го замоли претседателката на Бундестагот, Јулија Клокнер, да му се обрати на парламентот.
– Ви благодарам за довербата и го прифаќам изборот – изјави Мерц. Заклетвата ќе ја положи во 18:15 часот.
Првото утринско гласање донесе изненадување и предизвика потреси на финансиските пазари, откако Мерц не успеа да го обезбеди потребното мнозинство – со 310 гласа „за“, 307 „против“ и три „воздржани“.
Ова беше прв пат во историјата на Сојузна Република Германија кандидат за канцелар да не биде избран во првото гласање во Бундестагот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европа ги зголемува армиите: Германија достигна највисок…
Германија значително го зголемува бројот на припадници…
„Кинезите нè јадат за појадок“: Германската автомобилска…
Во разговор зад затворени врати со висок…
Тајните служби во Германија добија поголеми овластувања…
Како одговор на растечката закана од сили…
Германија предупредува на секојдневна „хибридна војна“ по…
Германија се соочува со хибридни напади од…
Крајнодесничарската АФД со најголеми шанси за победа…
На помалку од еден месец пред важните…