Фрлени пиротехнички средства врз луѓето собрани на комеморацијата за жртвите од масакрот во Белград
Во текот на комеморацијата за жртвите од масовното пукање во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, денеска врз собраните граѓани била фрлена пиротехничка направа. Инцидентот се случил додека голем број граѓани се собирале пред училиштето за да им оддадат почит на жртвите на третата годишнина од трагедијата, што предизвикало краткотрајна паника и метеж, пишува Nova.rs.
По фрлањето на пиротехничкото средство, во толпата настанала паника, објави 4news.mk На местото пристигнала полиција, која влегла во зградата од каде што била фрлена направата. „Сите стоеја во мир и тишина. Полагаа цвеќе пред училиштето за убиените деца и училишниот чувар. Тишината беше прекината од силен тресок.
Чад се издигна над групата што стоеше во ред за положување цвеќе, во најгусто населен дел од толпата. Веднаш сите се вознемирија“, јавува репортер на порталот Nova.rs од местото на настанот
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…
Цистерна и комбе утрово се судрија на…
Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…
Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…
(Видео) Малолетник нападна полицаец со два ножа…
Малолетник од Шабац е убиен ноќеска пред…
Засилени активности во Пионирскиот парк во Белград:…
Во Пионирскиот парк во Белград се наоѓа…
Белград се полни со специјалци: Жандармеријата во…
Припадници на српската Жандармерија со автобуси влегоа…