Објавено на:

ФСБ: Спречени терористички напади во три руски региони

t

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави дека се спречени терористички напади во три руски региони и дека се уапсени три лица под сомнение за планирање терористички напади врз воен персонал, волонтерски организации и објекти за гориво, енергија и транспорт по наредба на украинските разузнавачки агенции.

„Федералната служба за безбедност на Руската Федерација приведе тројца соучесници на украинските специјални служби во Република Адигеја, Тјуменската област и Краснодарската територија“, се вели во соопштението на ФСБ, објавено од Интерфакс.

Според разузнавачката агенција, уапсените планирале да извршат саботажни и терористички акти против припадници на руските вооружени сили, волонтерска организација која им обезбедува поддршка на учесниците во специјални воени операции, како и против транспортната инфраструктура и објектите за гориво и енергија во овие региони.

За време на нивното апсење, запленети се импровизирана експлозивна направа направена од пластичен експлозив од странско производство, како и импровизирани запаливи направи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Терористички напад во Колумбија – автомобил…

Автомобил-бомба експлодираше пред седиштето на владата на…

Авион на релација Мадрид-Софија принудно слета во…

Авион кој летал од Мадрид кон Софија…

„Волстрит журнал“: Марко Рубио е заложник на…

Иднината на Републиканската партија може да зависи…

Денес се празнува Светиот великомаченик Мина

По потекло Мисирец и војник по занимање…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Сончево и постудено со мала до умерена…