Објавено на:

Фудбалер на Рома доби срцев удар, мечот со Удинезе е прекинат

t

Дефанзивецот на Рома, Еван Ендика беше однесен во болница откако доби срцев удар на терен, а неговото ЕКГ било загрижувачко, па мечот по договор на двете страни е прекинат.

Фудбалерот падна за време на мечот и им рекол на соиграчите и медицинскиот персонал дека почувствувал болка во градите.

Ендика на носилки беше изнесен од теренот, дури и покажа палец накај публиката со знак дека е добар. Во тие моменти се чинеше дека мечот ќе продолжи.

Но, кога тренерот на Рома, Даниеле Де Роси отишол да го види во медицинската соба, се врати загрижен.

„Скај Спорт Италија“ пренесува дека ЕКГ-то на Ендика било загрижувачко и тој брзо со албулантна кола и полициска придружба бил пренесен во болница.

Де Роси кога се вратил на теренот, заедно со судијата и тренерот на Удинезе одлучиле натпреварот да биде прекинат.

Последните информации велат дека Ендика е во болница во „Код Жолта“ состојба, што не е најсериозна состојба. Код Црвен е најсериозна.

Код Жолта значело дека не е опасно по живот.

Фудбалерите на Рома побарале да го посетат нивниот соиграч во болницата, пред да се вратат во Рим.

Натпреварот меѓу Удинезе и Рома е прекинат при резултат 1-1, во 73. минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Волстрит журнал“: Носачот „Џорџ Вашингтон“ се вооружува…

Американските воени сили на Блискиот Исток се…

ЗАПОЧНУВА ЗИМСКОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Ноќва се…

Вечерва започнува зимското сметање на времето. Преминот…

Фалсификувани 98.500 евра во поставата на јакната…

Деветнаесетгодишниот македонски државјанин Хамза Дарлишта останува во…

Гостиварец со ,,Волво” удрил мечка на автопатот…

На 23.10.2026 околу 22:15 часот во СВР…

УБИЕН БУГАРСКИ БИЗНИСМЕН: Трето убиство за три…

Бугарскиот бизнисмен, поранешен пратеник и поранешен европски…