„Фудбал или кикбокс турнир“: Тренерите на Беласица дочекани со ќотек во Скопје
Беласица денеска гостува во Скопје кај Локомотива, но пред мечот тренерите на струмичкиот тим биле истепани од непознати лица.
По пристигнувањето во соблекувалната на игралиштето на Фортуна во Синѓелиќ биле нападнати од неколку лица, кои се заканиле дека ќе употребат и огнено оружје.
– Скандал пред почетокот на натпреварот од Втората македонска лига помеѓу ФК Пехчево Скопје и ФК Беласица. Во гостинската соблекувална на игралиштето на Фортуна, со нула обезбедување од страна на полициска служба, нашиот тренер и тренерот на голмани беа физички нападнати со тупаници и шлаканици од засега неидентификувани лица, додека кон нашите фудбалери и стручен штаб беа упатени закани дека ќе биде искористено и огнено оружје, објавија од Беласица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кочанец ѝ се заканувал на делчевка по…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднела…
Хорор во Охрид: Ја тепал девојката до…
Ужас го потресе Охрид, откако триесет и…
По снимките во кои зборува за притисок…
Ива Михаилова денеска преку Фејсбук порача дека…
Женска тепачка кај Бит Пазар – скопјанка…
МВР информира дека доцна синоќа во 22:20…
Македонскиот кардиолог Сашко Кедев влезе во Гинис…
Македонскиот кардиолог, професор и алпинист Сашко Кедев…