Хамас: Поддржуваме Русија да биде посредник во решавањето на палестинско-израелскиот конфликт
Палестинското движење Хамас би го поддржало руското посредување во решавањето на палестинско-израелскиот конфликт, но Израел не сака да се согласи со тоа бидејќи ги следи само позициите на САД, изјави член на бордот на директори и шеф на Одделот за Надворешни односи на Хамас, Муса Абу Марзук.
„Го поздравуваме руското посредување во конфликтот со Израел, но тие не ни одговорија иако од самиот почеток побаравме Москва да се приклучи на процесот. Како што знаете, посредникот треба да биде одобрен од двете страни“, рече тој.
Марузк, исто така, рече дека верува оти САД сакаат или Катар или Египет да бидат посредници во решавањето на конфликтот, додека Израел го сака истото како Америка, која, од друга страна, не сака Русија да учествува во процесот.
„Меѓутоа, Хамас сака Русија да игра важна улога на Блискиот Исток. Тоа одговара на интересите на угнетените народи и создава рамнотежа меѓу големите сили во регионот“, додаде тој.
Да потсетиме дека претставници на Хамас неодамна ја посетија Москва и се сретнаа со бројни руски претставници. По преговорите, Марзук, кој беше дел од делегацијата што ја посети Москва, најави дека Хамас е подготвен да ги ослободи сите цивили, но дека тоа не е остварливо поради интензивното бомбардирање на Појасот Газа од страна на израелската армија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио: Русија и Украина се заинтересирани за…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
Израел го уби шефот за финансии на…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…
Европските разузнавачки служби предупредуваат: Русија би можела…
Европски разузнавачки раководители предупредуваат дека Русија би…
Русија нападна десет украински региони за една…
Во изминатите 24 часа руските сили нападнаа…
ОН: Речиси 900 силувања од руските војници…
Руските трупи извршиле речиси 900 ужасни чинови…